Севиља откачи играч бидејќи се здебелил

21.09.2021
Vesnik.com
Севиља откачи играч бидејќи се здебелил
*/ */

Севиља пред три години од Рен го донесе Жорис Гнањон, кој не се прослави во редовите на шпанскиот тим.

Трансферот се случи во 2018 година за сума од 13.5 милиони евра и се очекуваше да биде големо засилување во одбраната, но се покажа спротивното.

24-годишниот фудбалер по само година дена замина на позајмица во Рен, се врати минатото лето откако неговиот екс-тим не сакаше да го откупи договорот. Во Ла Лига одигра само седум меча и веќе некое време е надвор од тимот.

Летово се очекуваше да го напушти шпанскиот клуб, но немаше сериозни понуди, па ја изгуби мотивацијата. Гнањон се здебели, влезе во лоша кондиција, нешто преку што раководството на клубот не можело да прејде. Медиумите во Шпанија објавија дека добил отказ поради лошата форма и недостигот на професионализам.

Сега како слободен играч може да најде нов клуб.

ФОТО: @Gnagnon_39/twitter

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата