Опасност од слевање на лава во морето во Шпанија, може да создаде токсични гасови

21.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Опасност од слевање на лава во морето во Шпанија, може да создаде токсични гасови

Експертите и властите на Канарските острови, каде што еруптираше вулканот, се загрижени од опасноста дека при контакт на лавата, која се слева кон морето, со водата ќе создаде токсичен облак.

Контактот на лава и солена вода може да предизвика експлозија и емисија на отровни гасови, пишува шпански „Паис“ и додава дека Службата за цивилна заштита и поморската капетанија затоа го зголемиле опсегот на забраната за пловидба за два наутички милји, како и мерења на воздухот.

Исто така, воведени се дополнителни ограничувања за пристап до областа на копно.

Техничкиот директор на Службата за вонредни вулкански состојби на Канарските Острови, Мигел Санчел Моркенде, рече дека активноста на вулканот се забавува, и затоа масата на лава е помала.

„Лавата е се уште на половина пат до морето. Засега не е познато кога ќе стигне до океанот, па дури и да стигне, ќе биде под нивото на планината Тодоке“, рече тој.

Научниците велат дека кога лава со температура од околу 1.000 степени ќе стигне до морето, експлодира водена пареа, што генерира густ бел облак кој содржи хлор, што може да ги иритира кожата, очите и респираторниот тракт.

Покрај тоа, протокот на лава во океанот може да предизвика колапс на брегот и карпите, бранови врела вода и токсична пареа од хлороводородна киселина и мали честички од вулкански кристали. Научниците исто така предупредуваат дека најзагрозени се неподвижните организми кои живеат на дното на морето и кои можат целосно да се уништат, но тие наведуваат, врз основа на примерот на вулканска ерупција од 2011 година, дека можат целосно да се обноват за три години.

Исто така, се верува дека вулканска ерупција може да трае со недели, па дури и месеци.

Поради ерупцијата на вулканот, кој досега уништи 100 куќи, училишта, патишта, лозја, беа евакуирани околу 6.000 граѓани, а се претпоставува дека тој број ќе се зголеми на 10.000.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата