САД ЈА ПРИТИСКА БУГАРИЈА ДА ГО ТРГНЕ ВЕТОТО ЗА МАКЕДОНИЈА, пишува Еуроактив

21.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД ЈА ПРИТИСКА БУГАРИЈА ДА ГО ТРГНЕ ВЕТОТО ЗА МАКЕДОНИЈА, пишува Еуроактив

Спроед Еуроактив, САД се во обид да извршат притисок врз Бугарија да ја тргнат блокадата за Македонија на патот кон ЕУ и да се одобри преговарачката рамка.

Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги спречи аспирациите на Македонија за ЕУ. Тие билатералниот спор го претвораат во мултилатерално прашање што влијае на сите нас“, изјавил новиот американски специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Како што пренесува Радио Слободна Европа, „некои добри решенија“ за решавање на прашањето биле ставени на маса, а Вашингтон ќе продолжи да ја притиска Софија за изнаоѓање компромис.

Ескобар, исто така изјавил дека би сакал да види почеток на пристапните преговори за Македонија и за Албанија оваа година, бидејќи и двете земји го заслужуваат тоа.

Вашингтон ја поддржува европската интеграција на Западен Балкан за да се намали сѐ поголемото влијание на Кина и Русија во регионот.

Инаку, денеска европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји е во посета на Софија и ќе се сретне со претседателот Румен Радев и со министерот за надворешни работи Светлан Стоев, а главна тема на разговорите ќе биде ветото за интеграцијата на Македонија во ЕУ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата