Запознајте ги најстарите идентични близначки во светот: Имаат 107 години, живеат во старечки дом и секогаш се расположени за дружење

21.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Запознајте ги најстарите идентични близначки во светот: Имаат 107 години, живеат во старечки дом и секогаш се расположени за дружење

Две јапонски сестри се признати од Гинисова книга на рекорди за најстари идентични близначки на светот. На возраст од 107 години и повеќе од 300 денови, Умено Сумијама и Коуме Кодама го соборија рекордот што го држеа сега покојните Јапонки Кин Нарита и Гин Кание.

Умено и Коуме се родени на 5 ноември 1913 година на островот Шодошима и двете се опишани како многу друштвени луѓе.

Гинисова книга на рекорди ја објави веста вчера, кога во Јапонија се одбележува националниот празник Ден на почитување на старите. Сестрите живеат во старечки дом во различни делови од Јапонија, па од претпазливост поради ситуацијата со ковид-19, сертификатите одделно им беа испратени.

Претходните рекордерки Ким и Гин ја држеа титулата од 107 години и 175 денови до смртта на Ким во јануари 2000. Нејзината сестра почина следната година на 108 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата