Невакцинираниот претседател СО ПИЦА НА УЛИЦА во Њујорк (ФОТО)

21.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Невакцинираниот претседател СО ПИЦА НА УЛИЦА во Њујорк (ФОТО)

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации во оваа недела, најверојатно, ќе треба да се задоволат со парче пица на улица.

Според правилата, само оние кои се вакцинирани ќе можат да одат на богата вечера во рестораните во Њујорк.

Токму така бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој не е вакциниран, вечераше со парче пица на улица првата вечер во Њујорк, пренесува Ројтерс.

Двајца министри од неговиот кабинет, кои се дел од бразилската делегација, објавија фотографија во неделата вечерта на која Болсонаро јаде парчиња пица со своите помошници на шеталиштето во Њујорк.

Поддржувачите на Болсонаро го пофалија овој потег како изборна „едноставност“ на нивниот водач, кој одлучил да вечера на улица во близина на хотелот во Менхетен каде што престојува.

Бразилскиот популистички лидер, кој се пофали дека не бил вакциниран пред да замине за Њујорк, рече дека неговиот имунолошки систем е доволно силен за да се одбрани од коронавирусот.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, апелираше до светските лидери да се вакцинираат пред да учествуваат во дебатата на Генералното собрание на ОН.

Кабинетот на градоначалникот претходно објави дека сите учесници во дебатата ќе мора да имаат доказ за вакцинација за да влезат во салата за дебати, која е класифицирана како конгресен центар.

Бразилската мисија во ОН одби да ги коментира извештаите дека еден од нивните дипломати бил позитивен на тест во Њујорк. Портпаролот на ОН, Стефан Дијариќ, рече дека во тој поглед биле во контакт со бразилската мисија.

Болсонаро ќе биде првиот шеф на држава што ќе зборува денеска на генералната дебата на годишната сесија на Генералното собрание на ОН.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата