Повторно активни конкурсите за стипендии за ученици запишани во дуални паралелки и во тригодишно средно стручно образование

21.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повторно активни конкурсите за стипендии за ученици запишани во дуални паралелки и во тригодишно средно стручно образование

Министерството за образование и наука објави повторени конкурси за доделување на стипендиите наменети за ученици кои се запишани во дуални паралелки и за стипендиите за ученици запишани во тригодишно средно стручно образование.

Конкурсот за доделување на стипендии за ученици запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен фонд на часови, може да се погледне на следниот линк. Се доделуваат преостанати 900 стипендии од оваа категорија, откако со првичниот конкурс не беа распределени сите 1500. Можат да аплицираат редовни ученици запишани во дуални паралелки, кои не повторувале година, не се корисници на стипендија од друг давател и се државјани на Република Северна Македонија.

Конкурсот за доделување на стипендии за ученици запишани во тригодишно средно стручно образование е објавен на следниот линк. Предвидено е да бидат доделени 390 стипендии и тоа за редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење, кои се државјани на Република Северна Македонија, немаат повторувано година во текот на образованието и не се корисници на стипендија од друг давател. Инаку во првичниот конкурс за овој тип на стипендии беа предвидени вкупно 500.

Учениците кои ги исполнуваат условите за стекнување на правото на користење на еден од понудените два типа на стипендија, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука најдоцна до 30.09.2021 година, во периодот од 08-16 часот.

За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк.

Овие два типа на стипендија за прв пат се воведени годинава, а како резултат на заложбите за унапредување на квалитетот на средното стручно образование,

приближување на придобивките од истото кон младите и нивна стимулација за упис во средни стручни училишта. Износот на стипендијата е 3500 денари месечно, а се исплаќа за 9 месеци во годината.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата