Европските дипломатски шефови ГО ПОДРЖАЛЕ ПАРИЗ во спорот со подморниците

21.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европските дипломатски шефови ГО ПОДРЖАЛЕ ПАРИЗ во спорот со подморниците

Министрите за надворешни работи на ЕУ изразиле подршка и солидарност со Франција за време на состанокот во Њујорк организиран поради отстапка на Австралија од договорот со Париз на набавка на подморници вреден 40 милијарди долари после постигнување договор со САД и Британија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политила и безбедност Жозеп Борел во обраќање пред новинарите после состанокот одржан позади затворени врати и на маргините на Генералното собрание при ОН во Њујорк изјавил дека е потребна поголема соработка, координација а помалку поделби како би се псотигнал мир и стабилност во индо-пацифичкиот регион, каде што кинеската сила е во подем.

Австралија минатата недела соопштила дека ја откажува нарачката за конвенционални подморници од Франција и дека наместо тоа ќе работи на градење најмалку осум подморници на нуклеарен погон со американска и британска технологија бидејќи е постигнат договор за безбедносно партнерство.
“Оваа одлука на Австралија не изненади“, истакнал Борел.

Не е познато дали спорот ќе влијае на следната рунда трговски разговори меѓу ЕУ и Австралија кои се закажани за 12 октомври.

САД, Велика Британија и Австралија 15 септември најавиле ново партнерство во индиско-пацифичкиот регион, но тие земји не се консултирале со Франција која со тоа партнерство го загубила порано склучен договор за испорака подморници на Австралија.

Истовремено, Канбера објавила дека склучила нов договор со САД и Британија за набавка на подморници на нуклеарен погон, што е доведено во прашање продолжение на преговорите со Австралива и ЕУ за трговински договор.

Париз одговорил со отповикување на амбасадорот во САД и откажување состанок кој требал да се одржи оваа недела со министрите за одбрана на Франција и Британија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата