Согласно вчерашните податоци има 154 нови случаи на Ковид-19 од направени 1.967 тестирања, оздравени се 408 пациенти, а пријавени се 12 починати лица на возраст од 30 до 90 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.
Според последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје, за 40 проценти е намaлена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август.
Најмногу активни случаи има во Скопје – 5.761, потоа во Тетово – 994, во Куманово – 904, Охрид – 667, Струга – 638, Гостивар – 525 и Струмица – 500.
Болниците во Штип и во Куманово се преполни со пациенти со Ковид-19, а во болницата во Дебар се намалува бројот на хоспитализирани.
Во штипската модуларна болница вчера се хоспитализирани 51 пациенти, а капацитетот и е за 47. Додадени биле дополнителни четири кревети. На Кожното одделение се сместени осум пациенти, кои се стабилни и чекаат да бидат пуштени на домашно лекување.
Во тек е поставувањето на современиот противпожарен систем во Инфективното одделение во Штип, кое изминатите два месеци се реконструираше, беа заменети сите прозорци и врати, има нова фасада, а се постави и централен довод за кислород. Се очекува Инфективното одделение да се стави во функција наредната недела.
Во модуларната болница во Куманово, ситуацијата е непроменета, се уште има наплив на пациенти. Но, како што оцени вчера директорката на болницата Снежана Захариева, релативно е стабилна состојбата во однос на хоспитализацијата и амбулантските прегледи. Има и слободни места, меѓутоа пополнети се капацитетите на инфективното одделение.
Состојбата во Дебар е поинаква. Се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19 на подрачјето на општините Дебар и Центар Жипа, а со тоа и на хоспитализирани во дебарската болница.
– Моментно во нашата установа хоспитализирани се 12 ковид пациенти, од нив петмина се на кислородна поддршка. Претходно болничките капацитети беа преполни, со повеќе од 40 хоспиталирани. Намален е бројот и на оние кои амбулантски се лекуваат, последните денови во просек по седум, наспроти претходно кога имавме и до 30. За жал во последното деноноќие како последица од опасниот вирус почина жител од општина Центар Жупа, изјави вчера директорот на болницата Баки Алили.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 81122, Активни 5761
Куманово 11031, Активни 904
Тетово 10747, Активни 994
Прилеп 8909, Активни 275
Гостивар 7922, Активни 525
Битола 6941, Активни 245
Велес 6037, Активни 284
Охрид 5817, Активни 667
Кавадарци 5744, Активни 195
Струмица 5613, Активни 500
Штип 5562, Активни 238
Кичево 3877, Активни 433
Струга 3755, Активни 638
Кочани 3134, Активни 128
Гевгелија 2355, Активни 73
Неготино 2295, Активни 39
Свети Николе 1824, Активни 105
Ресен 1508, Активни 102
Радовиш 1477, Активни 110
Дебар 1442, Активни 133
Крива Паланка 1350, Активни 51
Берово 1193, Активни 39
Делчево 1108, Активни 65
Виница 1006, Активни 45
Пробиштип 895, Активни 43
Валандово 785, Активни 28
Богданци 543, Активни 19
Кратово 527, Активни 50
Крушево 518, Активни 15
Македонски Брод 461, Активни 31
Демир Хисар 423, Активни 14
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 310, Активни 8
Македонска Каменица 292, Активни 21
Дојран 139, Активни 4