“Тито спиел со масерките, а со женаму не бил во добри односи“ Снежана Савиќ ја игра Јованка Броз во новата серија, еве што вели за малку познати детали…

21.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Тито спиел со масерките, а со женаму не бил во добри односи“ Снежана Савиќ ја игра Јованка Броз во новата серија, еве што вели за малку познати детали…

Серијата “Јованка Броз и тајните служби“ почнала да се емитува на РТС, а главната улога ја толкува Снежана Савиќ.

Таа исцрпно се подготвувала да ја долови Јованка.

– Тоа е приказна од една епоха и време кои тие личности ја одбележале на чело со Јосип Броз Тито како и неговата сопатничка Јованка. Таа е народен херој, офицер и жена која била одликувана за храброст во војна, една од најубавите жени во светот која секогаш пленела со својата појава. Многу приказни тука не се раскажани. Се шушкало дека била многу строга, перфекциониста, од разни причини ги отпуштала сите оние кои не и се допаѓале. Јованка била исклучиво силна жена – навела Снежана.
– Пред крај на животот на Тито кога не биле во сјајни односи, добила покана со него да прослави Нова година. Таа на тоа не пристанала, бидејќи предходно Тито бил замешан во афера со две масерки која тогаш таа ги нарекла конкубини. Повеќе пати истакнувале дека трпела многу нешто и само од инат зборувала како сите свои непријатели ги надживеала – рекла Снежана која ја игра Јованка после разделбата со Тито, за “Блиц“.

– Доста ја проучував за Јованка. Нејзината личност, начин на кој зборувала, одела, нејзината боја на гласот, интонацијата. Се обидував колку што беше можно, секако со мерка, сето тоа да го пренесам на гледачите. Физички потсетувам на неа, имаме слични црти на лицето. Костимите и маските дополнително придонесоа на тоа да потсетуваме – истакнала глумицата

– Во приказната на Јованка според неа успеале да ја разделат од него, бидејќи наводно сакала власт и да го преземе тронот. И на крај успеале Тито да го оделат од неа, бидејќи таа премногу се мешала во се, поставувала разни услови. Многумина тврдат дека на Тито на некој начин му засметало. Тоа е моја лична опсервација. Можеби и времето го прави своето, можеби едноставно му досадила. Жена која го притискала постојано. Биле убедени дека таа му штети на неговото здравје и дека тој треба да биде сам. Ја разделиле од Тито бидејќи премногу се мешала во политика – бил заклучокот на Снежана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата