Му рекла дека е МРЗЛИВ, па ја избодел 16 пати – познат ватерполист осуден за убиство на девојката

20.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Му рекла дека е МРЗЛИВ, па ја избодел 16 пати – познат ватерполист осуден за убиство на девојката

Арсеније Становиќ е осуден за убиството на Анастасија Лашманова (33). Професионалниот ватерполист во 2018 година ја убил својата девојка во нејзиниот луксузен пентхаус во Црна Гора, откако таа го напуштила затоа што мислела дека е „премногу мрзлив“.

Арсеније Становиќ брзо станал главен осомничен во истрагата и избегал од земјата со помош на неговиот татко Зоран Становиќ кој наводно ги искористил своите врски како поранешен шеф на граничната полиција, пренесува Daily Mail.

Полицијата ја пронашла жената во стан кој бил облеан во крв, а потоа утврдила дека таа била избодена 16 пати и дека претрпела 10 удари во главата.

Судот го осуди Становиќ на 15 години затвор.

Адвокатот на Арсениј, Зоран Пиперовиќ, најави жалба до судот. Тој смета дека оваа пресуда ќе биде укината и дека во повторената постапка, Становиќ ќе биде ослободен поради ментално растројство, пренесува. Анастасија се преселила во Црна Гора со руски пасош. Таа прво работела како келнерка, а само неколку години подоцна станала позната и влијателна личност во Црна Гора. По убиството, нејзиното богатство било проценето на 105 милиони евра, што ја стави на листата на најбогатите Украинки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата