Марина му ги поклони најубавите стихови, а тој ја остави за помлади девојки

20.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марина му ги поклони најубавите стихови, а тој ја остави за помлади девојки

Со децении, главната поддршка за хитмејкерот Марина Туцаковиќ беше нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута, а пред него во 1970 -тите години Марина бвеше во љубов со пејачот Оливер Мандиќ (67), кој во тоа време беше на почетокот на својата кариера. Иако во јавноста речиси и да не се зборуваше за оваа романса, тие двајца беа вљубени четири години, а Оливер еднаш потврди дека Марина страда за него.

– Јас и Марина бевме во врска четири години. За време на нашата средба, таа ми ја напиша песната „Ljuljaj me nježno“. Откако ја објавив таа песна, раскинавме. Ја оставив за помлади и поубави девојки. Тогаш започна лудилото во мојот живот, а таа веројатно патеше. Нашата соработка продолжи и по раскинувањето. И благодарам што ми напиша прекрасни стихови и после тоа на моите албуми. Таа ги направи сите песни за мене, освен „Dodze mi da vrisnem tvoje ime“ и „Bobane“ – изјави Мандиќ за српските медиуми пред неколку години.

– По раскинувањето, останавме во добри односи. Таа е двојна Шкорпија, најмногу сака пари – додава Мандиќ.

Иако тврдеше дека тие никогаш не ја криеле својата љубов, Марина рече дека не се сеќава на сите детали од романсата со Мандиќ.

– Тоа беше толку одамна. Веќе не се ни сеќавам. Оливер беше сладок млад човек, секогаш негуван и сосема поинаков. Носеше кошули и панталони. Не се криевме, но во тоа време никој не беше заинтересиран за нашата врска – изјави тогаш Туцаковиќ.

Марина тогаш откри дека таа е главниот „виновник“ за Оливер да стане пејач.

– Имаше прекрасни песни, но не сакаше да пее. Го убедив дека треба да пее, а не да им дава песни на другите. Тој не е голем пејач како Харис Џиновиќ, но имаше специфична боја и начин на пеење. Со него постигнав голем успех, како и тој со мене. Неговите песни ќе живеат вечно – рече Марина пред неколку години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата