Адел се пофали со новото момче и собра над 3 милиони лајкови (ФОТО)

20.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Адел се пофали со новото момче и собра над 3 милиони лајкови (ФОТО)

Адел конечно ја објави својата врска со Рич Пол со објава на својот инстаграм-профил.

Три месеци откако за првпат беа забележани заедно, Адел ја потврди врската со спортскиот агент
Рич Пол чии клиенти се Ентони Дејвис, ЛеБрон Џејмс, Бен Симонс и други НБА ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)


Британската пејачка (33) објави три фотографии на својот инстаграм-профил од венчавката на
Дејвис која се одржа овој викенд, каде присуствувала заедно со Рич (39).

Облечена во гламурозен црн фустан со бели „паф“ ракави, пејачката изгледаше елегантно и запрепастувачки добро на објавените фотографии.

Но третата фотографија беше онаа која најмногу го привлече вниманието на интернет публиката, каде се фотографирани заедно со Рич Пол, спортскиот агент за кој со месеци се ширеа гласини дека е нејзиното ново момче.

Гласините за Адел и Рич Пол за првпат започнаа да се шират кога во мај Пол изјави дека „се дружат“, но се зажестија откако парот беше забележан на Гејм 5 на финалето на НБА лигата во јули.

Меѓу бројните коментари за тоа колку прекрасно изгледа Адел, имаше и прашања за кога таа ќе го
објави својот нов албум, а постот веќе собра повеќе од 6 милиони лајкови.

#магазин #сцена #адел #препорачано

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата