БОЈКО ВОСКРЕСНА, навистина воскресна

19.09.2021
Vesnik.com
БОЈКО ВОСКРЕСНА, навистина воскресна

Според анкетата на бугарската агенција Тренд, ГЕРБ се врати на првото место во довербата меѓу избирачите со сериозна предност пред конкурентите за второто место, а новата политичка формација околу претходните технички министри Кирил Петров и Асен Василев засега има поддршка од девет отсто од гласачите.

Според дописникот на МИА од Софија, анкетата за претстојните избори што во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември, покажува дека прво место би била ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, со 24,4 отсто, а втори ќе бидат „Има таков народ“ со 17,5 отсто, БСП е трет 16,6 отсто. МРФ би имала 9,3 отсто, новата партија околу двајцата поранешни технички министри Кирил Петков и Асен Василев 9,1 отсто, а дури по нив е „Демократска Бугарија“ со 8,5 отсто

Според истражувањето, под цензусот од четири отсто за влез во новото Национално собрание засега се „Стани! Доаѓаме “со 3,8 отсто, следена од проруската партија „Преродба“ со 2,9 отсто и на крајот е ВМРО на Красимир Каракачанов со 2,2 отсто.

Според последната анеката на Тренд, на третите годинава парламентарни изборите, на 14 ноември, сакаат да излезат 53 отсто од граѓаните на Бугарија.

Анкетата на агенцијата Тренд беше спроведена во време кога политичкиот проект на Кирил Петков и Асен Василев не беше официјално објавен, но имаше јасни знаци во насока на негово спроведување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата