(Видео) Арсовски: Филипче и Заев под итно да си дадат оставки, а не да апсат граѓани кои што мирно протестираат

19.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Арсовски: Филипче и Заев под итно да си дадат оставки, а не да апсат граѓани кои што мирно протестираат

Венко Филипче и Зоран Заев наместо да си дадат оставки тие дефокусираат и апсат луѓе кои што мирно протестираа, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на новинарско прашање.

„Венко Филипче и Зоран Заев треба да си дадат веднаш оставка, за да може истрагата да се одвива непречено, да не влијаат“, додаде тој.

„Наместо тоа, не треба да апсат граѓани кои што мирно протестираат, а со тоа и да дефокусираат од нивните оставки“, истакна Арсовски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка до граѓаните кои протестираат, бидејќи со право протестираат поради незадоволството од досегашната истрага која што се случува, односно која како што рече, ја контролираат Венко Филипче и Зоран Заев.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата