ПМФЛ: Ќе “врие“ во Штип, три меча во Скопје, лидерот во Битола!

19.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПМФЛ: Ќе “врие“ во Штип, три меча во Скопје, лидерот во Битола!

Попладнево од 15 часот се играат сите шест мечеви од 7.коло во ПМФЛ. Можеби не е дерби, но сепак се очекува најинтересно да биде под Исарот во Штип, каде се среќаваат Брегалница и Тиквеш. До пред некој месец овие две екипи водеа битка во ВМФЛ на истокот, а сега по цели 17 години за првпат ќе играат во елитата меѓусебе.

Да потсетиме тренер на Тиквеш сега е Влатко Костов, штипјанецот, кој денеска нема да го води тимот од клупата, но сепак тактиката ќе биде негова.

ГРАДСКО ДЕРБИ ВО ЃОРЧЕ

Попладнево во Скопје ќе има три прволигашки дуели. Градското дерби се игра во Ѓорче каде Македонија ЃП го дочекува Работнички. Шкупи по една година се враќа на Чаир, тоа ќе биде празник на фудбалот и се очекува сигурна победа над Борец.

На Автокоманда пак домашниот Скопје го дочекува шампионот Шкендија. Се очекува “пиратите“ максимално да им се спротистават на тетовци кои ги чека тешка задача, како и сите кои гостуваат на тој терен.

ПАНДЕВЦИ“ ПО БОДОВИ ВО БИТОЛА

Академија Пандев, лидерот на табелата, гостува во Битола каде Под “Тумбе – Кафе“ ќе ги одмери силите со домашниот состав на Пелистер. Реално струмичани се големи фаворити, но Пелистер покажа дека може да изненади, така беше и со Шкендија пред две кола.

И во последниот меч попладнево во ПМФЛ, во Тетово играат Ренова и Струга Трим Лум. Е тука навистина ќе биде крајно неизвесно и квалитетно. Се очекува добар допадлив фудбал.

ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ

БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ

ПЕЛИСТЕР – А.ПАНДЕВ

ШКУПИ – БОРЕЦ

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата