Тага во Англија: Почина легендарниот Џими Гривс!

19.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тага во Англија: Почина легендарниот Џими Гривс!

Во пресрет на денешното големо дерби на Лондон, меѓу Тотенхем и Челзи, од утринава тага во редовите на „спарси“, но и во цела фудбалска Англија. Имено на 81 година почина легендарниот фудбалер на Тотенхем и член на репрезентацијата на Англија, Џими Гривс.

Тој во свое време важеше за гол – мајстор, за Тотенхем постигна 266 голови на 379 натпревари. Се уште е бр.1 голгетер во историјата на клубот.

Беше член на на репрезентацијата на Англија која во 1966 година стана светски првак.

Покрај Тотенхем, Гривс играше и за Челзи, Милан, Вест Хем и други клубови.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата