Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

19.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница, соопшти денеска Министерството за здравство.

Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.

Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата.

Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите.

Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата