ВИДЕО

ЈУТУБЕР ОТКРИ НА ШТО ГО ПОТСЕТУВААТ ДРЖАВИТЕ: Италија на чизма, Албанија на презерватив, Србија на диносаурус, а Македонија?

19.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЈУТУБЕР ОТКРИ НА ШТО ГО ПОТСЕТУВААТ ДРЖАВИТЕ: Италија на чизма, Албанија на презерватив, Србија на диносаурус, а Македонија?

Јутуберот Закабер на својот канал објавил видео во кое илустрираше на што го потсетуваат европските држави. Јутуберот во своето видео ги наведе сите земји на ЕУ, па дури и оние кои не се членки на Унијата.

Симпатичното видео започнало со прашањето: Дали го гледате она што и јас го гледам во Европа?

Во видеото тој ги прашува своите следбеници дали некогаш лежеле на трева и гледале во небо прашувајќи се на кој предмет личат одредени облаци.

-Како што облиците на облаците ме потсетуваат на одредени предмети, така ме потсетуваат и државите, односно нивните граници, рекол тој.

Па затоа одлучил да сподели на што го потсетуваат државите на ЕУ мапата.

Имено, првата држава со која тргнал е Албанија за која вели дека го потсетува на форма на презерватив. Веднаш за неа, се нашла и Јерменија за која вели дека нејзините граници го потсетуваат на ајкула, додека пак Австрија го асоцира на дебел полжав.

Азербејџан на рајска птица, додека пак Белгија на човек кој се моли. За границите на Босна вели дека го асоцираат на ракета.

Иако многумина велат дека границите на Хрватска се во форма на кифла, сепак се чини дека овој Јутубер е фан на серијата Игра на престолите па за неа вели го асоцира на змеј.

Соседна Србија го потсетува на диносаурс, а Косово на дух.

Што се однесува на нашата држава, Закабер вели дека го потсетува на мозок или карфиол.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата