Дебитантот Александар Тодоровски е победник на „Макфест 2021“

19.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дебитантот Александар Тодоровски е победник на „Макфест 2021“

Александар Тодоровски со песната ,,Под исто небо“ е победник на годинашното 36. издание на „Макфест“.

Дебитантот успеа да триумфира на штипскиот фестивал во конкуренција на повеќе познати имиња.

– Не ми се верува. Им благодарам на сите. Со огромна почит кон фестивалот, соништата се остваруваат – порача победникот.

„Под исто небо“ беше песната која освои најмногу гласови и од публиката и од стручното жиро. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски. Тодоровски во финалната вечер влезе по дебитантскиот настап на првата полуфинална вечер, кога освои најголем број на гласови од публиката.

Втората награда отиде во рацете на Мартинијан Кириловски кој настапи со ,,Вистина“, а третата награда ја освои младата штипјанка Марија Данева.

За најдобар дебитант беше прогласена Калина Велковска која настапи со ,,4“.

На финалната вечер на „Макфест“, меѓу другите, награда за аранжман доби Лазар Цветковски за композицијата „Денот што ми носи“, во изведба на Александра Јанева, наградата за најдобар сценски настап отиде во рацете на Марија Данева, награда за најдобра интерпретација доби Лара со композицијата „Душа“.

Првата награда изнесува 5000 евра, втората награда е 3000 евра, додека третопласираниот ќе добие награда од 1000 евра.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата