Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

19.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светските лидери среде пандемија во Њујорк  и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира на засилување на напорите за борба против климатските промени и пандемијата со Ковид-19.

Соединетите Американски Држави се обидоа да ги одвратат светските лидери да не доаѓаат во Њујорк, во обид да спречат сесијата на Генералното собрание на ОН да стане место од каде ќе се шири заразата, иако претседателот Џозеф Бајден лично ќе се обрати на собранието.

ОН воведоа т.н систем на делови, што значи дека секој што влегува во собраниската сала мора да се изјасни дали е вакциниран, но не мора да покажува доказ за вакцинација.

Меѓутоа, овој систем ќе пропадне на самиот почеток кога во салата на ОН ќе влезе претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој е скептичен во врска со вакцините и кој минатата недела изјави дека не му треба вакцинација бидејќи веќе има стекнато имунитет од прележаниот коронавирус, анализираат светските медиуми.

Властите во Њујорк поставија комбе пред зградата на Обединетите нации за да обезбедат бесплатно тестирање и бесплатна вакцинација со една доза вакцина на „Џонсон и Џонсон“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, посочи на „драматичната нееднаквост“ во пристапот до вакцините и потврди дека е за глобален план за вакцинација со кој ќе се вакцинираат 70% од светската популација до првата половина на следната година.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата