Грција отвори нов бегалски камп во кој можат да се сместат 3.000 лица

18.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција отвори нов бегалски камп во кој можат да се сместат 3.000 лица

На грчкиот остров Самос е отворен нов бегалски камп, во кој можат да се сместат 3.000 луѓе.

Објектот е оддалечен околу пет километри од поранешниот привремен камп во близина на селото Вати и другите островски села. Опкружен е со високи огради со бодликава жица. Бегалските организации изнесоа бројни критики на адреса на кампот финансиран од ЕУ.

„Можеме само да им помогнеме на нашите пациенти да преживеат“, објави организацијата „Лекари без граници“. Самос е првиот остров што има таканаречен затворен центар со контролиран пристап. Останатите ќе бидат лоцирани на Лезбос и Хиос.

„Владата го решава прашањето за мигрантите како што им вети на граѓаните “, рече министерот за миграција Нотис Митаракис на отворањето на кампот.

Пред само две години, 10.500 мигранти пристигнаа во Самос. Минатата година во стариот камп имаше 7.500 луѓе, а сега има уште 400 кои ќе се преселат во новиот камп .

„Грција го постигна ова главно со заострување на контролите на поморската граница и преместување на луѓето на копно. Во новиот камп, мигрантите ќе имаат добри услови за живот и ќе се гарантира сигурност“, рече Митаракис. Тој повтори дека Грција повеќе не е порта за илегална имиграција во ЕУ.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата