Победникот на норвешките избори вети поголеми даноците за богатите, а со тоа и за себе

Може ли богат човек да биде „херој на работничката класа“?

18.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Може ли богат човек да биде „херој на работничката класа“?

Норвешка на парламентарните избори ја избра Лабуристичката партија, која досега беше во опозиција, што значи дека новиот премиер очигледно ќе биде Јонас Гар Стоер (61).

Ова е невообичаено сценарио бидејќи е партија која се претставува како клучен претставник на норвешката работничка класа, но Стоер во никој случај не доаѓа од таква позадина.

Тој е син на познат бродски брокер и наследил имот вреден околу 16 милиони долари. Но, и покрај тоа, тој посочува дека тој ќе биде гласот на работниците.

„Време е за обичните луѓе“, рече Стоер, најавувајќи дека ќе воведе даночни олеснувања за членовите од средната и пониската класа.

Понатаму, тој најави дека цените во јавниот превоз ќе бидат намалени, а во исто време ќе се зголемат даноците за богатите – вклучително и за него лично.

Стоер е истакнат актер на норвешката политичка сцена.

Тој ја предводеше Лабуристичката партија од 2014 година, а претходно беше министер за надворешни работи и здравство.

Тековната победа на обединетите левоцентристички партии е нивна најголема победа во последните 3 децении, иако тие ќе треба да работат преку тешки коалициски преговори со две други партии, Партијата на Центарот, која ја претставува руралната средина и Социјалистичката левичарска партија, кој се залага за демократски социјализам.

На Стоер ќе му треба поддршка од двете страни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата