(Видео) Како “шарените“ во Скопје: Во Тетово напад на полицаец со бетонски блок

17.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Како “шарените“ во Скопје: Во Тетово напад на полицаец со бетонски блок

Нова снимка од денешниот протест во Тетово поради пожарот во модуларната болница покажува демонстрант кој со бекатон-плочка тргнува кон полициски службеник.

Новинарка на порталот „Па Цензура“ објави видео каде се гледа како еден повозрасен демонстрант со бекантон-плочка тргнува кон полициски службеник и замавнува неколку пати кон главата на еден од полицајците.

За среќа, избегнат е потежок инцидент, откако другите полицајци и граѓани кои се најдоа на местото го спречија демонстрантот во намерата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата