Француската влада ќе ПОМАГА на домаќинствата во плаќањето на сметките за струја

16.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Француската влада ќе ПОМАГА на домаќинствата во плаќањето на сметките за струја

Премиерот Жан Кастекс во текот на денот ќе објави дека погодените домаќинства автоматски ќе ја добијат помош за исплатата во декември, објави кабинетот на премиерот.

Домаќинствата ширум Европа се соочуваат со многу повисоки сметки за електрична енергија оваа зима поради глобалниот раст на цените на големо на електрична енергија и гас.

Групите за заштита на потрошувачите предупредија дека зголемувањето на цените може да значи „енергетска сиромаштија“ за најранливите социјални групи во Европа.

Цените на електричната енергија во последно време се зголемуваат во многу земји поради зголемената побарувачка за природен гас и повисоките дозволи за емисија на штетни гасови.

Во последните недели, цените на електричната енергија на физичкиот пазар достигнаа рекордни 154,16 евра за мегават-час, според операторот на шпанскиот пазар ОМИЕ.

Затоа шпанската влада во вторникот усвои пакет кризни мерки за спречување на високите цени на електричната енергија и гас, најавуавјчи ограничување на цените на гасот и заработка на компаниите за електрична енергија.

Неприфатливо е енергетските компании да профитираат од повисоките пазарни цени на електричната енергија, изјави премиерот Педро Санчез за државната телевизија ТВЕ.

„Ќе го одземеме ектра профитот на енергетските компании … и ќе го пренасочиме кон потрошувачите“, рече премиерот, додавајќи дека специјалната такса за електрична енергија ќе се намали од 5,1 на 0,5 проценти.

Мадрид очекува дека со ограничување на заработката на производителите на електрична енергија од обновливи извори на нагло зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните во следните шест месеци ќе пренасочи околу 2,6 милијарди евра.

Паралелно, владата планира до крајот на годината да продаде дозволи за јаглерод од 900 милиони евра на аукција, додавајќи дека има намера да ги искористи средствата за намалување на сметките.

Тие, исто така, најавија дека ќе го ограничат растот на регулираните цени на гасот во третиот квартал на 4,4 проценти, наспроти прогнозата од 28 проценти.

Министерката за енергетика Тереза ​​Рибера рече дека мерката ќе остане на сила до крајот на март следната година, кога цените на бензинот треба да се стабилизираат паралелно со намалувањето на потрошувачката на крајот на зимата.

Со цел заштита на ранливите потрошувачи, Рибера исто така најави дека забраната за блокирање на приклучоците со потрошувачите кои не ги платиле сметките ќе биде продолжена од сегашните четири на 10 месеци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата