БОИТЕ НА МЕРКЕЛ: Како направи револуција во облекувањето на жените во политиката

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БОИТЕ НА МЕРКЕЛ: Како направи револуција во облекувањето на жените во политиката

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера и денеска престојува во својата последна официјална посета на Балканот. Цврсто држење на телото, кратка руса коса, неопходно сако и  панталони во комбинација со рамни чевли и дискретен накит се она што дефинитивно ќе го паметиме оваа жена која со години е еден од главните симболи на Германија.

Многумина велат дека нејзиниот стил е секогаш ист, можеби дури и малку досаден. Таа никогаш не се откажува од докажаната комбинација, која е нејзин заштитен знак, а единственото нешто што се менува е бојата на нејзиното сако.

Односот помеѓу Ангела Меркел и сако со три копчиња е прекрасна „љубовна приказна“. Наводно, бојата што ја носи канцеларката зависи од пораката што сака да ја испрати – мир, оптимизам, сериозност, строгост, лежерност …

Меркел избира посмирени бои за свечени национални настани, додека светлите бои се резервирани за меѓународни или помалку свечени настани. Се одлучува за сиво за состаноци еден на еден, додека носи беж и бела боја кога сака да испрати порака за мир.

Сака да носи сино на патувања во странство. Како прво, оваа боја и одговара многу, и според експертите, остава впечаток на објективност, хармоничен ред и важност.

– Ангела претпочита розова, портокалова и виолетова за време на неформални состаноци за да изрази оптимизам, радост и отвореност – вели експерт.

Црвената боја симболизира моќ и енергија, така што Меркел никогаш не води партиски преговори во оваа боја. Ова не може да биде случајно, туку суптилен потег на моќ.

Без оглед на стилот, сигурно е дека канцеларката во заминување ги промени не само политичките, туку и модните стандарди за време на нејзиното владеење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата