Според серијата признанија „Хорор приказни на стјуардесите“, излегува дека латино дивата Џенифер Лопез е ужасно љубоморна личност.
Се зборува дека кога патува со авион таа бара само мажи стјуарди, и никако стјуаредеси, особено ако патува со својот дечко.
Стјуардесите велат дека летале со голем број познати личности, но ја сметаат за најбезобразна.
„Летањето со Џеј Ло е пекол, таа постојано не навредуваше нас стјуардите бидејќи ние сме помлади и поубави од неа”, вели една од стјуардесите.
Џенифер Лопез изминатиов период речиси секојдневно е топ тема во медиумите поради обновената врска со Бен Афлек за која многу фанови мислат дека набрзо ќе прерасне во брак.