ОНЛАЈН НАСТАВА ДО 20-ТИ НАМЕСТО 14-ТИ СЕПТЕМВРИ за средношколците од Тетово и Гостивар

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОНЛАЈН НАСТАВА ДО 20-ТИ НАМЕСТО 14-ТИ СЕПТЕМВРИ за средношколците од Тетово и Гостивар

Наместо до 14 септември, во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата ќе се одвива онлајн до 20 септември, како една од мерките за спречување на Ковид-19.

Од владината прес-служба соопштија дека Владата на денешната 106. седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата