ЛШ: Јанг Бојс го шокираше Манчестер Ј., Севиља и Салцбург одиграа реми во меч со четири пенали (ВИДЕО)

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Јанг Бојс го шокираше Манчестер Ј., Севиља и Салцбург одиграа реми во меч со четири пенали (ВИДЕО)

Манчестер Ј. водеше во Берн, но на крајот замина како поразен од швајцарски Јанг Бојс на премиерата од новата сезона во Лигата на шампионите. Ниту Роналдо не беше од помош да се остане непоразен.

Севиља и Салцбург одиграа многу нервозен меч во кој имаше од се по нешто, но на крајот немаше победник.

ЈАНГ БОЈС – МАНЧЕСТЕР Ј. 2:1

Кристијано Роналдо уште еднаш ја потврди својата класа и со голот-првенец во новата сезона од Лигата на шампионите во 13. минута ги доведе гостите до водство од 1:0 на стадионот во Берн. За „црвените ѓаволи“ се одеше добро до 35. минута, кога по еден крвнички старт директен црвен картон доби Ван Бисака, па целата концепција на играта на тимот на Солскјер мораше да се менува.

Домашните почнаа со притисок, кој се засили на стартот на второто полувреме кога Нгамалеу во 66. минута и го смени правецот на една топка упатена во гостинскиот шеснаесетник и ја смести во мрежата на Де Хеа за израмнување на 1:1. И кога сите чекаа крај, една несфатлива грешка на Џеси Лингард и погрешно вратена топка во шеснаесетникот на Де Хеа, ја искористи нововлезениот Зибатчеу за 2:1 и големо изненадување на стартот на новата сезона во ЛШ.

СЕВИЛЈА – САЛЦБУРГ 1:1

Неверојатно прво полувреме имаше на „Рамон Санчез Писхуан“. Судијата Кулбаков од Белорусија со асистенција на ВАР собата за 45 минути дури четирипати покажа на белата точка. Три пенали добија гостите од Салбург, но реализираа само еден и тоа оној вториот преку Сучиќ. Токму Хрватот во третиот обид и Адејеми во првиот беа непрецизни.

Четвртиот пенал беше за Севиља, но домашните го претворија во гол благодарение на Иван Ракитиќ. Поради два жолти картони, Јусеф Ен-Несири уште пос амо 5 минути во вториот дел мораше да ја напушти играта.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата