ЖЕНА ПОЛЗИ ВО ХОДНИК ВО МОДУЛАРНА и нема кој да ја крене да и помогне (ВИДЕО)

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЖЕНА ПОЛЗИ ВО ХОДНИК ВО МОДУЛАРНА и нема кој да ја крене да и помогне (ВИДЕО)

Нема крај за хаотичната состојба во модуларните ковид центри. За време на пандемијата гледавме како се споделуваат лични сведоштва за немање нега врз пациентите, недостиг на кислород, и како пациенти и нивни роднини слободно излегуваат и влегуваат без контрола во истите, а јавноста ја потресе несреќата во тетовската модуларна во која во пожарот животот го загубија 14 лица додека  уште едно лице подоцна им подлегна на повредите.

И додека се бега од одговорност како политичка, така и морална и додека се чека истрагата да покаже кој ќе сноси и кривична одговорност, граѓаните споделуваат лични искуства и видеа од состојбата низ модуларни болници.

На социјалните мрежи се шири видео од модуларна болница каде жена ползи на подот во ходникот и никој нема да и помогне. Според профилот кој го објавил видеото, се работи за модуларна болница во Скопје, но нема потврда дали навистина се работи за скопската модуларна.

За потсетување, во Тетово граѓаните сведочеа дека роднините биле приморани да се грижат за пациентите бидејќи немало кој да се грижи, додека Ибин Емшиу кој ги загуби својот татко и брат, за медиумите сведочеше дека му биле барани пари за нега на неговиот брат, а потоа и дека полиција му затропала на врата откако ја дал изјавата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата