Официјално: Кокошков не е повеќе селектор на Србија, Пешиќ чека промоција!

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Кокошков не е повеќе селектор на Србија, Пешиќ чека промоција!

Она што се најавуваше веќе извесно време од денеска е и официјално. Игор Кокошков не е повеќе селектор на кошаркарската репрезентација на Србија. Тој и КСС ја раскинале соработката, и тоа по неколку неуспеси со репрезентацијата под водство на Кокошков.

Ова значи дека многу бргу Србија ќе добие нов селектор. Според медиумите кај нашиот северен сосед, се е подготвено за враќање на легендарниот Светислав Пешиќ. Да потсетиме дека со Пешиќ пред речиси две децении беше европски првак а го освои и Мундијалот во Индијанаполис.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата