Авганистанките протестираат против хиџабот: Социјалните мрежи преплавени со фотографии од преубавии носии

14.09.2021
Авганистанките протестираат против хиџабот: Социјалните мрежи преплавени со фотографии од преубавии носии

Авганистанките ширум светот протестираат против новото барање на талибанците, а кое се однесува на хиџабот во училиштата. Тие своето незадоволство го изразуваат така што на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои се во шарени и убави фустани.

 

Имено, деновиве била донесена уредбата за сегрегација во училниците, односно ги поделиле учениците по пол, а ученичките, професорките и останатите вработени жени мораат да носат хиџаб, според шеријатскиот закон, пренесува Си-ен-ен.

 

Avganistan, žene

Фотографиите на студентки ги преплавија медиумите затоа што беа облечени во црно од глава до пети, целосно прекриени, а единствено што се гледа беа талибанските знамиња со кои мавтаа на универзитетот во Кабул со кој раководат талибанците.

Останатите Авганистанки на ова одговорија така што објавуваа свои фотографии на кои се облечени во шарени и убави традиционални авганистански фустани – контраст на црните хиџаби на кои се обврзани по доаѓањето на талибанците.

 

– Ниту една жена вака не се облекувала во историјата на Авганистан. Ова е мошне туѓо и непознато во културата на Авганистан. Јас објавив своја фотографија во традиционален фустан за да информирам, едуцирам и демантирам дезинформациите кои се талибанска пропаганда, напишала докторката Бахар Јалали, која и ја покренала акцијата со фустаните на Твитер.

 

 

 

– Од протестот за талибанскиот дрес код, гордо ги објавувам овие фотографии на традиционална авганистанска носија, пишува една Авганистанка на Твитер.

 

 

 

Ги има уште.

 

– Ова е мојата традиционална носија и тоа е моето вистинско наследство.

 

– Гордо ја носиме нашата традиционална, шарена авганистанска облека со живи бои

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата