Алегри: Мораме да го победиме Малме и да поставиме темели во ЛШ

14.09.2021
Алегри: Мораме да го победиме Малме и да поставиме темели во ЛШ
*/ */

Јувентус тргна лошо во Серија А, со само еден бод по три кола, а вечерва стартува во Лигата на шампионите. Првиот противник му е Малме со тоа што поранешниот италијански шампион му гостува на шведскиот шампион.

Тренерот Макс Алегри изјави дека „Старата дама“ вечерва мора да ги освои бодовите во Малме за да го насочи курсот кон пласманот во нокаут фазата од елитното европско натпреварување.

„Мораме да победиме за да поставиме темели во групата и да се соочиме на најдобар начин со идните предизвици во ЛШ. Сепак, во фудбалот никогаш не можете да предвидите што ќе се случи, но ние мора да се обидеме да победиме. Во овој момент не одиме добро во Серија А и покрај фактот што тимот игра добро. Сега мораме да бидеме фокусирани на ЛШ“, изјави Алегри кој потврди дека Шчесни и Де Лихт ќе бидат во групата за мечот со Малме.

„Против Малме ќе биде важно играта да ја дотераме технички и да се трудиме да бидеме прецизни по прекините. Противникот се потпира на физичката сила, па ќе треба добро да се бориме за секоја метар од теренот“, додаде Алегри кој го заштити Шчесни откако полскиот голман беше критикуван за лоша форма по првите три меча во Серија А.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата