Роналдо им одржал говор на соиграчите пред Њукасл, познати се деталите

14.09.2021
Роналдо им одржал говор на соиграчите пред Њукасл, познати се деталите
*/ */

Кристијано Роналдо во саботата го одигра првиот меч за Манчестер Јунајтед по неговиот кам-бек. Португалскиот фудбалер се запиша и во листата на стрелци, во триумфот против Њукасл постигна два гола (4-1).

„Кристијано ги мотивира сите, ги тера да бидат повеќе сконцентрирани. Тоа прво го бара од себе, а потоа и од соиграчите“, изјави по мечот, Оле Гунар Солскјер.

„The Sun“ открива дека Роналдо одржал говор пред дуелот со Њукасл.

„Говорот на Роналдо беше многу силен и возбудлив. Сите го слушаа во тишина. На соиграчите им рекол: Се вратив од две причини. Првата е зошто го сакам клубот, втората зошто сакам победнички менталитет, а истиот може да се почувствува тука“.

Се наведува дека Роналдо им порачал дека нема намера да биде навивач.

“Не дојдов за да бидам навивач. Ако сакате да успеете, ќе мора да го сакате овој клуб со сето срце Мора да се борите за клубот. Дали ќе играте или, најважно е да им давате поддршка на соиграчите и секогаш да давате 100% за клубот“.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата