ТЕА и момците од ДУПЕР на мака: КОЈ КОМУ НЕ МУ ДАВА МИР!?

14.09.2021
ТЕА и момците од ДУПЕР на мака: КОЈ КОМУ НЕ МУ ДАВА МИР!?

Очигледно одлуката за соработка меѓу Теа Трајковска и Дупер се покажа како добар потег, за што зборуваат прегледите и тоа само два дена по премиерата.

Имено, дуетската „Не ми даваш сон“ има повеќе од 50 000 прегледи, како и низа позитивни коментари на своја сметка. Интересно е дека музиката е заедничко дело на момците од Дупер и Лазар Цветкоски, додека текстот момците го направија заедно со Теа. Видеото, пак, е работено под режисерската палка на Томислав Живковиќ.

– Ми се допаѓа музиката на „Дупер“, ама ептен сум среќна што успеавме да создадеме нов звук и за мене и за нив и проект кој беше предизвик за нас тројца и Лазе. Мислам дека го погодивме „вајбот“ на песната со видеозаписот и дека во самиот спот се гледа дека си поминавме супер на снимање, вели Теа.

Задоволството не го кријат ниту момците од Дупер кои признаваат дека многу се радуваат на соработките кои им се случуваат природно и нефорсирано.

– Лесно најдовме заеднички јазик и успеавме да направиме песна што стилски подеднакво нѐ опишува и со музиката и текстот. Се надеваме дека ќе им се допадне на сите кои ќе ја слушнат и дека ќе се пронајдат во приказната позади стиховите, велат момците.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата