„Браќа Манаки“ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

14.09.2021
„Браќа Манаки“ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Оваа година, на 16 септември, почнува традиционалниот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, за прв пат организиран во дворот на Завод и музеј Битола, наместо во Центарот за култура. Причините се бегството од затворени простории заради пандемијата.

Заради истите причини и бројот на гости ќе биде намален на 250.

Во главна конкуренција ќе бидат 10 долгометражни и уште толку краткометражни филмови. Меѓу нив два македонски филмови: „Сестри“ со кој се отвора фестивалот, и ќе се напреварува и во официјалната конкуренција за долгометражен филм, а меѓу краткометражните: „Северен пол“ на битолчанаката Марија Апчевска кој ќе се емитува на затворањето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата