„Тестисите му отекоа“: Ники Минаж шокираше со твит за вакцинацијата

14.09.2021
„Тестисите му отекоа“: Ники Минаж шокираше со твит за вакцинацијата

Фановите на раперката Ники Минаж ја молат да престане да ги „негира“ вакцините против Ковид -19, откако таа објави приказна на Твитер за тоа дека некој во Тринидад доживува невообичаени и прилично лоши несакани ефекти од вакцината, иако рече дека таа ќе се вакцинира.

“Мојот роднина во Тринидад нема да се вакцинира [затоа што] неговиот пријател кој се вакцинирал станал импотентен. Тестисите му отекоа”, напиша Минаж, која е по потекло од Тринидад.

“Неговиот пријател требаше да се ожени неколку недели после тоа, но девојката сега ја откажа венчавката. Затоа, молете се за тоа и обидете се да бидете сигурни во (вашата) одлука, а не да ве малтретираат”, додала таа.

Твитот привлече големо внимание, а многу новинари се прашуваат дали Минаж ќе биде банирана од Твитер или дали оваа социјална мрежа ќе ја цензурира оваа објава на нејзиниот профил поради „медицински дезинформации“ кои што платформите на социјалните медиуми ги забрануваат во согласност со одлуката на Белата куќа.

Некои обожаватели на пејачката исто така беа вознемирени, а еден ја молеше да се „образува на оваа тема“, бидејќи „индивидуалните случаи не треба да се користат за да се негира вакцината“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата