Windows 11, трета РЕВОЛУЦИЈА НА МАЈКРОСОФТ

13.09.2021
Windows 11, трета РЕВОЛУЦИЈА НА МАЈКРОСОФТ

По објавата на Виндоус 95, Мајкрософт првата револуција со темелни измени на оперативниот систем ја објави со Виндоус 2000, Втората со Виндоус 10 и, сега, се очекува третата со Виндоус 11 кој има битни промени, револуционерни, во својата функционланост и однос со хардверот.

Како што се приближува до официјална објава, дознаваме се повеќе детали за подобрувањата кои ќе се донесе Windows 11, вклучувајќи ги новите оптимизации за CPU, меморија и складирање, овозможувајќи побрзи перформанси во однос на Windows 10.

Во најновата видео објава, претставникот на Microsoft не води низ некои подобрувања кои пристигнуваат со Windows 11. Едно од нив е “foreground prioritisation”, а оваа функција им овозможува на сервисите кои не се во употреба да се паузираат, што ќе овозможи потрошувачка на меморијата за до 32 проценти и користење на процесорот за до 37 проценти. Ова ќе им биде од голема корист на лаптопите, бидејќи ќе овозможи подолг работен век на батеријата.

Преку освежениот кориснички интерфејс, Microsoft имплементираше и нов дизајн под името  Mica. Можно е да се види во file explorer, подесувањата и речиси сите inbox апликации. Mica ќе биде задолжен за боење на позадините на апликациите во зависност од десктоп позадината, а се истакнува дека е побрз од Fluent Design кој го има Windows 10 UI.

Во комбинација со дополнителните подесувања кои не се видливи, наведените функции би требало да резултираат со вкупно подобро искуство на одзив за Windows.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата