Хрватскиот министер за здравство Вили Берош испрати отворено писмо до сите вработени во здравствениот сектор и ги повика да се вакцинираат во што поголем број.
Берош им рече на лекарите, медицинските сестри, но и немедицинскиот персонал дека од 1 октомври ќе можат да дојдат на работа доколку исполнуваат еден од трите услови, или да се вакцинирани, да прележале Ковид или со негативно тест за Ковид -19, пренесува Танјуг.
Во писмото, министерот потсетува дека заедничка професионална и човечка обврска на сите здравствени работници е да им помогнат на луѓето да го заштитат своето здравје, а кога болеста им се заканува, да се грижат за нив професионално и одговорно да ги третираат.
Тој предупреди дека есента носи нов бран од епидемијата, дека бројот на заразени лица се зголемува, дека има се повеќе пациенти на болничко лекување и респиратори, но и смртни случаи.
Тој исто така вели дека, за жал, вирусот наоѓа нови жртви главно меѓу невакцинираните.
– Во моментов нема задолжителна вакцинација во Хрватска, тоа е ставот на хрватската Влада, одлуката за вакцинација е на секој граѓанин поединечно, секој мора да биде свесен за последиците од својата одлука и да ги прифати ризиците од инфекција – Берош посочи и потсети дека хрватската Влада обезбедила бесплатна и универзално достапна вакцина против Ковид-19, која е платена со заеднички пари.