Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар

13.09.2021
Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар

Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар, раскажува за ДВ Ибин Емшиу, откако во несреќата ги загуби својот татко и брат. Тој е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.

„Шест дена седев таму. Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените. Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно.” Сумата која му ја побарале била 1.000 денари дневно, тврди Емшиу.

„Секој пациент имаше придружник“ 

Тој живеел во Италија заедно со таткото и неподвижниот брат. Тие летово дошле во куќата во селото Синичане на годишен одмор, но се заразиле со коронавирус. Откако минале низ вистинска одисеја за воопшто да бидат примени во болница, и Ибин Емшиу морал да допатува во земјата за да се грижи за нив.

Целото сведоштво на Ибин Емшиу погледнете го тука.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата