ХРВАТИ КОНЗУМИРАЛЕ МАГИЧНИ ПЕЧУРКИ, ПА СЕ СЛУЧИЛ ХОРОР! Едниот полудел и го удавил другарот

12.09.2021
ХРВАТИ КОНЗУМИРАЛЕ МАГИЧНИ ПЕЧУРКИ, ПА СЕ СЛУЧИЛ ХОРОР! Едниот полудел и го удавил другарот

Забавата на тројца млади момчиња од Хрватска, организирана во стан во австрискиот град Вилах, заврши трагично откако конзумираа магични печурки полни со опојни супстанции, коишто им предизвикаа невидена агресија.

Трите млади момчиња од Хрватска, на возраст од 21, 22 и 23 години, ја кренаа цела Австрија на нозе откако организираа забава во стан во градот Вилач на југот на земјата, каде што се издрогирале со „магични“ печурки, а потоа дивееле па забавата на крајот заврши со смрт.

Имено, според австрискиот магазин Феникс, младите консумирале печурки кои содржат наркотични супстанции псилоцибин и псилоцин, кои што им предизвикало невидена агресија. Тие имаа најлош ефект врз 22-годишно момче кое во еден момент почнало да се однесува крајно невообичаено и станал насилен. Неговиот едногодишен помлад пријател се обидел да го смири и го легнал на под, но потоа, под се уште необјаснети околности, почнал силно да го дави.

Задушувањето на дваесет и едногодишното момче продолжило додека рацете и нозете на неговиот пријател не престанаа да се движат. Во исто време, тој не сакаше да се тргне од момчето, иако третиот другар го тргал.

– Смртта е предизвикана од задушување – изјави портпаролот на Државното обвинителство на Австрија, Маркус Киц, и откри дека брзата помош пристигнала многу брзо на местото на трагедијата, но дека младиот човек не можело да бил спасен.

– Момчињат не им биле познати на полицијата од претходно, а сега се уапсени две лица на возраст од 21 и 23 години. Детален извештај за обдукција треба да биде готов за четири до шест недели, како и токсиколошки извештај, рече Киц.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата