ТИНЕЈЏЕРОТ КОЈ СТАНА НАРКО БОС – Од детската соба се збогати продавајќи дрога преку Интернет

10.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТИНЕЈЏЕРОТ КОЈ СТАНА НАРКО БОС – Од детската соба се збогати продавајќи дрога преку Интернет

Замислете го овој бизнис модел – седите во куќата на вашите родители, не плаќате кирија и префрлате милиони на годишна основа. Ова му одеше од рака на тинејџер од Германија, кој, и многу успешно, сам го водеше целиот синџир на продажба на дрога, без да излезе од дома.

За сето тоа сега има снимено серија.

Тинејџери кои продаваат дрога преку Интернет е приказната позади наградената серија на Нетфликс „Како да продавате дрога преку Интернет“, а идеалната инспирација за третата сезона е вистинската приказна за Максимилијан Шмит од Лајпциг, кој сите го знаат како тинејџерот господар на дрога.

Максимилијан целата своја операција ја водел под псевдонимот „Сјајни снегулки“, а на само 18 години направил вистинска империја од својата „детска„ соба продавајќи дрога преку Интернет, додека неговите родители не знаеле за ништо.

За 14 месеци колку што траело, Максимилијан заработил 4,1 милиони евра пред полицијата да го уапси. Завршил зад решетки, но и денес, властите не можат да утврдат каде се повеќето пари што ова дете ги разменувало за биткоини, а кои во тоа време, почетокот на 2015 година, се уште беа непознати за многумина.

Продаде речиси еден тон дрога

Пред серијата, тој се согласи да сними филм во кој се е реконструирано, па детално објаснува како се одвивало, од договорот со добавувачите, пакување во кеси со слатки, до одење во поправен дом каде што завршил и каде отслужува само половина од седумгодишната казна.

За повеќе од една година, Максимилијан продал околу 900 килограми дрога, хашиш, кокаин, екстази, ЛСД и лекови на рецепт, пишува Дојче веле.

Тој ги испраќал сите нарачки до клиентите ширум светот и користел поштари и курирски услуги како и други луѓе кои не биле ни свесни. Принципот бил прилично едноставен: Плаќал однапред за пратки и превоз. „Само што внатре немало на пример чевли, туку дрога“, рече Максимилијан Шмит, кој го направи својот „Амазон“, само за нелегални супстанции.

Тој дури имал можност клиентите да го оценат. Дури и психијатарот кој сведочеше на судењето вели дека младиот човек не очекува дека некогаш да се покае за сторениот престап, туку дека е само горд.

Како што рече подоцна, никогаш не го мачела совеста затоа што верува дека не вмешал никого во дрогата. „Ако луѓето не купуваат од мене, ќе купуваат од некој друг“, вели тој и објаснува дека клиентите го пронашле преку Гугл.

Се разбира, бајката не може да трае долго. Неколку пакети што никој не ги подигнал наводно ја навеле полицијата да го испита случајот. Така е уапсен во февруари 2015 година. Тој тогаш имал 20 години. Полицијата провалила и во неговиот стан и пронашла 320 килограми дрога во вредност од неколку милиони евра, како и околу 50.000 евра во готово.

Полицијата не ги пронајде парите од продажбата

Наркобосот со лице на дете беше изведен пред судија како малолетник, бидејќи беше оценет како емоционално незрел. Тој беше осуден на седум години затвор за малолетници, но отслужи четири и пол и беше ослободен во 2019 година поради добро однесување.

Тој вели дека нема ништо од 4,1 милиони евра што ги заработил продавајќи дрога, но неговиот Инстаграм профил вели малку поинаку … Постојано споделува слики на кои ужива додека патува и излегува по скапи ресторани иако официјално нема извор на приход.

Затоа не е изненадувачки што тој повторно е под истрага од полицијата поради наводно неколку обвинувања. Во текот на август минатата година, неколку лица беа уапсени под сомнение за трговија со дрога во организирана мрежа во Лајпциг, а постои сомневање дека некако бил вмешан и Максимилијан. Сепак, тој се уште не е обвинет бидејќи полицијата нема доволно докази.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата