НА ОВИЕ ТЕЛЕФОНИ ОД 1 НОЕМВРИ НЕМА ДА ИМА WHATSAPP: Проверете дали вашиот е меѓу нив

07.09.2021
НА ОВИЕ ТЕЛЕФОНИ ОД 1 НОЕМВРИ НЕМА ДА ИМА WHATSAPP: Проверете дали вашиот е меѓу нив

WhatsApp од време на време завршува со поддршка за некои постари модели на оперативни системи Android и iOS, или мобилни телефони што ги користат овие системи. Тоа се претежно уреди што излегоа на пазарот пред повеќе од 5 години и технолошки гледано, се застарени.

Така, сега, WhatsApp објави укинување на поддршката за 43 различни модели на паметни телефони. Поточно, корисниците кои имаат паметни телефони со Android OS 4.1 (или постари), Apple iOS 10 (или постари) и KaiOS 2.5.1 (или постари) повеќе нема да можат да користат WhatsApp од 1 ноември.

За кои точно паметните телефони станува збор?

Ова е листата:

iPhone SE, 6s i 6s Plus,Samsung Galaxy Trend Lite, Galaxy Trend II, Galaxy S2, Galaxy S3 mini, Galaxy Xcover 2, Galaxy Core i Galaxy Ace 2, LG Lucid 2, Optimus F7, Optimus F5, Optimus L3 II Dual, Optimus F5, Optimus L5, Optimus L5 II, Optimus L5 Dual, Optimus L3 II, Optimus L7, Optimus L7 II Dual, Optimus L7 II, Optimus F6, Enact, Optimus L4 II Dual, Optimus F3, Optimus L4 II, Optimus L2 II, Optimus Nitro HD I 4X HD te Optimus F3Q.

Без поддршка ќе останат и следниве телефони:

Huawei Ascend G740, Ascend Mate, Ascend D Quad XL, Ascend D1 Quad XL, Ascend P1 S i Ascend D2, ZTE Grand S Flex, ZTE V956, Grand X Quad V987 i Grand Memo, Sony Xperia Miro, Sony Xperia Neo L i Xperia Arc S, Alcatel One Touch Evo 7, HTC Desire 500, Caterpillar Cat B15, Wiko Cink Five, Wiko Darknight, Lenovo A820, како и слични кои на пазарот се појавија пред 2012 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата