Велат дека е НАЈУБАВА ЕВРОПЈАНКА НЕКОГАШ РОДЕНА, ја споредуваат со Софија Лорен (ФОТО)

6.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Велат дека е НАЈУБАВА ЕВРОПЈАНКА НЕКОГАШ РОДЕНА, ја споредуваат со Софија Лорен (ФОТО)

Италијанската актерка и модел со романско потекло Мадалина Генеа е позната по своите провокативни изданија и специфичниот сексапил, и не е изненадувачки што ги собра сите погледи на црвениот тепих во Венеција.

Манекенката помина на црвениот тепих во неверојатно луксузна, но и провокативна креација која ги сподели мислењата на публиката на социјалните мрежи, како и модните експерти.

Мадалина се одлучи за црн фустан чиј горен дел е изработен од проѕирна тантела и со необично деколте кое ги истакна нејзините бујни гради.

Долниот дел од оваа креација потсетува на балска наметка, направен е од сатен и паѓа во неколку слоеви, а благодарение на огромниот шлиц од едната страна,  ги истакна затегнатите нозе на оваа дама.

Генеа со самодоверба позираше пред насобраните фотографи.

Инаку, италијанските медиуми ја нарекуваат Мадалина модерната Софија Лорен, а во претстојниот филмски хит  „House of Gucci“ таа ја толкува улогата на оваа филмска дива.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата