Босанец на Хрвати ИМ УКРАЛ 133.000 ЕВРА, па си купил биткоини – СЕГА ВРЕДА 907 МИЛИОНИ

06.09.2021
Босанец на Хрвати ИМ УКРАЛ 133.000 ЕВРА, па си купил биткоини – СЕГА ВРЕДА 907 МИЛИОНИ

Општинското државно обвинителство во Вараждин обвини 26-годишен државјанин на БиХ дека пред три години измамил компанија од Лудбрег.  Но, тоа не е најинтересното во таа приказна, туку она што го направил со тие пари.

Имено, тој потоа купил крипто -валути со украдени пари, кои денес вредат околу 6,8 милијарди куни (над 970 милиони евра), пренесува Вечерњи лист.

Тој создал лажна банкарска страница на компјутерот на компанијата од Лудбрег, а потоа наоравил две трансакции преку кои префрлил еден милион куни (133,4 илјади евра) на неговата сметка.

Со тие пари, тој купил 22 илјади биткоини, кои денес вредат околу 6,8 милијарди куни (907,6 милиони евра).

Купената сума е потврдена и од окружното државно обвинителство во Вараждин.

„Да, станува збор за 22 илјади биткоини, како што е напишано во обвинението. Станува збор за државјанин на БиХ, кој е недостапен за хрватското судство”, изјави за заменик окружниот државен адвокат во Вараждин Дарко Галиќ за Zagorje.com.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата