Која земја е најмирна во светот, а која е оценета за најнебезбедна?

6.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Која земја е најмирна во светот, а која е оценета за најнебезбедна?

Исланд е оценета за најмирна земја во светот во 2020 година, според податоците објавени во истражувањето на „Global Peace Index“, позиција кој ја држи од 2008 година, а потоа следуваат Нов Зеланд, Данска, Португалија и Словенија.

Глобалниот мир е влошен деветта година по ред, оваа година за 0,07 проценти. Сепак, тоа е второ најмало влошување забележано во досегашните истражувања.

Авганистан се уште е најмалку мирна земја во светот. Понатаму, во годинешниот извештај, осум од десетте најмирни земји во светот се наоѓаат во Европа, што го прави тој континент најбезбеден регион во светот.

Босна и Херцеговина се наоѓа на 72. место, што е подобрување за две места во споредба со претходното истражување.

Од земјите во регионот, Хрватска е рангирана на 17. место. Северна Македонија е на 40. место, Србија на 44., Албанија на 48., Црна Гора на 51. и Косово на 80. место.

Индексот ги оценува земјите врз основа на три аспекти: општествена безбедност, тековни домашни и меѓународни конфликти и нивоа на милитаризација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата