Ако има ТРЕТА ДОЗА - ЌЕ БИДЕ ДОГОДИНА

5.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако има ТРЕТА ДОЗА - ЌЕ БИДЕ ДОГОДИНА

Испитувањата што ги има направено компанијата „Фајзер“, која е еден од производителите на вакцина за Ковид-19, одат во насока дека најверојатно ќе биде потребна и трета доза, но наодите не се официјализирани.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека болниците се оптоварени со невакцинирани лица, повторно апелирајќи за вакцинација, што во моментов претставува единствен спас за излез од пандемијата.

– Вакцината сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И тоа треба да е мотивација за граѓаните. Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптоварени си со невакцинирани пациенти, нагласи вчера министерот за здравство.

Околу бројот на вакцини во земјава, Филипче наведе дека во овој момент има сосема доволно.

– Околу 300 илјади дози се на располагање, 115 илјади дози на вакцини од „Астра Зенека“, 110 илјади „Фајзер“ и 100 илјади дози од „Синовак“ и ја имаме оваа континуирана количина која што доаѓа од 30-40 илјади секој понеделник или вторник од компанијата „Фајзер“, посочи министерот.

Министерот, на новинарско прашање околу смртноста на млади лица, рече дека тоа е нешто на што посебно обрнуваат внимание, но, како што рече, за жал, се невакцинирани лица.

– Секојдневно имаме состанок со сите раководители на институции каде што се лечат најтешките пациенти, на Инфективната клиника, на интерните клиники, на Институтот за ТБЦ и во Козле. За жал, се невакцинирани луѓе. За жал генерално многу касно доаѓаат пациентите и тоа го констатиравме неколку пати наназад, рече Филипче.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата