Чиповите го мачат Мерцедес

29.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чиповите го мачат Мерцедес

Поради недостаток на чипови, германскиот производител на автомобили Дајмлер испраќа работници во неколку фабрики низ Германија и Унгарија во мирување веќе следната недела.

Во неколку фабрики, производството ќе биде целосно или делумно запрено, објави компанијата.

Производството во фабриката во Бремен е веќе запрено, делумно и во фабриката во Синделфинген, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Дајмлер не го откри бројот на вработени кои ќе бидат погодени од затворањето за време на објавувањето на одлуката.

Програмата на германската влада им овозможува на компаниите да испраќаат работници на чекање со помали плати наместо отпуштања.

Оваа мерка ја користеа многумина за време на пандемијата „Ковид-19“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата