Ангелов: Јас не се плашам од смртта, А НЕ ОД РАЗРЕШУВАЊЕ

04.08.2021
Ангелов: Јас не се плашам од смртта, А НЕ ОД РАЗРЕШУВАЊЕ

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов за дневникот на Сител изјави дека не се плаши од смртта, а не пак од разрешување.

Тој додаде дека ќе ја прифати секоја одлука, но дека владата одлучува за тоа.

„Ќе ја прифатам секоја одлука. Јас не се плашам од смртта, а не од разрешување“, изјави Ангелов.

За пожарот во Кочани рече дека е успешно изменаџиран. Вели дека неговата работа е неблагодарна и укажа на тоа дека кога генерали водат војна и гинат илјадници луѓе, потоа добиваат медали или орден. Ангелов деновиве кажа дека ако се утврди негова одговорност, ќе се повлече и ќе замине од државата.

Во однос за хеликоптерот тој рече дека гаснел пожар во Старо Нагоричане каде што веќе гореле и куќи.

– Хеликоптерот беше активен, меѓутоа јас од командантот низ разговор побарав да го пренасочи хеликоптерот кон Кочани во хеликоптерот немаше доволно гориво да отиде до Кочани и да дејствува, тој требаше да се врати до база да наполни. Ако се вратеше на аеродром да наполни гориво тогаш ќе немаше да стигне на време до Кочани и одлучено е хеликоптерот да остане во Старо Нагоричане каде што исто така имаше сериозен пожар, рече Ангелов.

Ангелов нагласи дека средствата биле лимитирани и не е важно дали тој бил во Крушево, Кочани или во ЦУК, за онаа координација која тој ја врши потребен му е само мобилен телефон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата