Во Турција се преврте автобус со руски туристи, загинаа најмалку тројца

02.08.2021
Во Турција се преврте автобус со руски туристи, загинаа најмалку тројца

Во турската провинција Анталија се преврте автобус со руски туристи, а три лица загинаа, додека петмина се тешко повредени.

Автобусот превезувал туристи од Манавгат до аеродромот во Анталија.

Повредените се пренесени во блиската болница, пренесува „Спутник“.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата