МЕГАН ЦЕЛИ ВИСОКО: Дали се спрема за ПРЕТЕСЕДАТЕЛКА НА САД?!

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МЕГАН ЦЕЛИ ВИСОКО: Дали се спрема за ПРЕТЕСЕДАТЕЛКА НА САД?!

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, би можела да се кандидира за претседател на САД во следните 10 години, тврди нејзиниот биограф.

Во својата колумна, познатиот британски писател и новинар Том Бауер, кој пишува кралска биографија за војвотката од Сасекс, тврди дека поранешната американска актерка може да се кандидира за претседател на САД.

Пријателка на војвотката за популарниот американски магазин „Vanity Fair“ рече дека со мажењето за британски принц, поранешната актерка не се откажала од американското државјанство поради можноста да влезе во политичките води на САД.

Бауер исто така додава дека Меган, доколку се кандидира за еден од 40 -те американски конгресмени, би имала многу мали потешкотии за таа позиција, бидејќи ќе има целосна поддршка од Демократската партија.

Меган Маркл, според него, секако има храброст и самодоверба да се бори за својата позиција. Меѓутоа, прашањето, како што понатаму наведува, е дали војвотката ќе биде упорна во нејзината намера.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата